Ердоган: Почнува опсада на Африн

20.02.2018 13:18

Генералштабот на турската армија соопшти дека досега биле неутрализирани 1.715 терористи. Анкара ја почна операцијата во Африн откако доби дозвола од Русија, која го поддржува режимот на сирискиот претседател Асад.

Турскиот претседател Ердоган рече дека очекува сирискиот град Африн за неколку дена да биде под опсада. Турската армија на 20 јануари почна операција „Маслиново гранче“ во сириската енклава Африн против Курдските сили за заштита на народот и партијата на Демократската унија, кои Анкара ги смета за терористички организации.

Генералштабот на турската армија соопшти дека досега биле неутрализирани 1.715 терористи. Анкара ја почна операцијата во Африн откако доби дозвола од Русија, која го поддржува режимот на сирискиот претседател Асад.

Поради тоа евентуален судир помеѓу сириската армија и турските сили би довело до потенцијален конфликт и помеѓу руската и турската армија.