Ќе се подобрува соработката на странските инвеститори со локалните добавувачи

21.02.2018 15:24

Државата ќе покрива и до 70 проценти од трошоците на фирмите за развој на производи за странските инвеститори. Ќе се продлабочува соработката. Сепак, од Советот велат дека за да се остварат плановите е потребно да се внимава на квалитетот и на рокот за испорака...

Странските компании имаат интерес да соработуваат со домашните, но бараат квалитет и запазување на роковите. Советотот апелира да се произведува согласно со договорот и побарувачката на пазарот.

Владата најави дека ќе го стимулира влезот на странски компании кои ќе произведуваат готови производи, што се очекува да ја продлабочи соработката со домашните фирми. Вицепремиерот Анѓушев вети државна поддршка за малите, средните, но и за големите компании.

Решенија за подобра соработка меѓу странските и домашните фирми нуди и научната фела. Дел од домашните бизнисмени, пак, имаат забелешки за нацрт- законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Бизнисот бара при креирањето на политиките во економската сфера да биде вклучен со сопствени предлози.

 

Дијана Ценевска