ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАБАВКА НА ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ

21.02.2018 16:33

Македонската радио телевизија ги повикува сите продуцентски куќи и поединци- граѓани на Република Македонија, со свои креативни идеи, програмски проекти и содржини да аплицираат на повикот за заедничка реализација или копродукција на телевизиски проекти или за откуп на готова програма.

Понудената програма треба да опфаќа содржини од повеќе области: анимирана програма, детска програма, детска шоу програма, културно-уметничка програма, информативна програма, документарна програма, играна програма, образовна програма, забавна програма, спортска програма и забавна шоу програма.

Сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување по Јавниот повик, се замолуваат своите апликации да ги достават во плик со назнака „Пријава по Јавен повик за набавка на програмски содржини„ на следната адреса:

Бул. Гоце Делчев бр. 18  
1000 Скопје

Или

Доставување во Архивата на Македонската радио телевизија

Јавниот конкурс се спроведува за промовирање и афирмирање на вредностите на нашето општество што ќе ги опфати сите сфери на живеење.

Се заблагодаруваме за покажаниот интерес и за дадениот придонес во заедничкото креирање на програмската понуда на Македонската радио телевизија

 

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА