Премиерот Заев на инвестициски самит за Западен Балкан во Лондон

26.02.2018 10:25

На инвестицискиот самит, кој е во организација на Европската банка за обнова и развој, ќе учествуваат шефовита на владите на сите шест земји од регионот, кои ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан за привлекување странски инвестиции во Лондон.

На инвестицискиот самит, кој е во организација на Европската банка за обнова и развој, ќе учествуваат шефовита на владите на сите шест земји од регионот, кои ќе имаат можност да ги презентираат потенцијалите за инвестирање пред 200 претставници на компании кои покажаа интерес да ги прошират своите бизниси во регионот.

Годинава, акцентот на самитот е ставен во промовирањето проекти во областа на транспортот и енергијата, како клучни регионални тесни грла.

Според ЕБОР, целта е да се дискутира за начините за продолжување на агендата за т.н. „меки конекции“. Клучен елемент од ова е создавање единствен инвестициски простор, што вклучува хармонизација на законодавството, отстранување на нетарифните бариери, подобрување на длабочините и хоризонталните врски на пазарите на капитал, зајакнување на деловното опкружување во регионот и олеснување на странските инвестиции.