Расте цената на нафтата на светските берзи

26.02.2018 13:41

На Лондонската берза цената на северноморската нафта минатата недела порасна за 3,6 проценти...

Цените на нафтата на светските берзи минатата недела, втора седмица по ред, пораснаа за над три насто, како последица на проблемите со производството на енергенсот во Либија, и информациите за намалување на нафтените резерви на глобално ниво.

На Лондонската берза цената на северноморската нафта минатата недела порасна за 3,6 проценти, додека на берзата во Њујорк американската „лесна“ нафта поскапе за 3,1 проценти и се продаваше за 63,60 долари за барел.