Осигурување

Само 5% од домаќинствата имаат полиси

26.02.2018 15:33

Граѓаните сѐ уште со недоверба гледаат во осигурителниот бизнис. Обемот на услугите расте, а излез се гледа во едукација на корисниците...

Сѐ уште во Македонија побитно е да се осигури автомобилот отколку домот. Само пет насто од домаќинставата во државава имаат полиси. Трошок или недоверба. Поради високиот степен на ризик, компаниите ги заострија условите и цените, се насочија кон развој на призводи кон задолжителните класи. Тврдат- граѓаните сѐ уште интерес за осигурување покажуваат откако имотите ќе им настрадаат. Постои перцепција дека дополнителните услуги се многу скапи. Осигурителните друштва излез гледаат во поголема едукација, и интернет продажба.

„Сите компании се насочуваат кон развој на производите кон незадолжителните класи, каде се уште се соочуваме со тоа дека свесноста на населението за потребата за осигурување е на ниско ниво. Следствено на тоа, наша основа задача во периодот којшто следи е да работиме на едукација“, изјави Ѓорѓе Војновиќ, претседателот на Здружението на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија.

Податоците покажуваат- подем на здравственото осигурување, пад во делот на полиси за осигурување на имот од катастрофални ризици. Интересот се намалил и кај земјоделското осигурување. Според Агенцијата за супервизија на овој сектор, дополнително негативно се одразило директнот државно обештетување на земјоделците.

„Фактор што влијаеше на намалување се одлуките на претходната и сегашната влада за директно обесштетување на сите земјоделци или на населението кои директно беа погодени од катастрофални ризици“, изјави претседателот на АСО, Климе Попоски.

2017-тата, осигурителниот сектор ја завршил со речиси девет милијарди денари бруто полисирана премиеја, зголемени приходи за 3,1 насто во однос на 2016-та. Пораст има и кај склучените договори за скоро седум проценти.

Од Агенцијата за супервизија велат дека била зголемена и дисциплината при исплатата на штети.

Сузана Фиданска Стоевска