Николовски и Љајиќ ќе бараат решение за проблемот со брашното

01.03.2018 11:22

Откако македонската влада го донесе новиот правилник за увоз на брашно, Србија се закани дека ќе воведе контрамерки за увоз на сите наши земјоделски и прехранбени производи.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љајиќ утре во Скопје ќе го решаваат проблемот со брашното.

Откако македонската влада го донесе новиот правилник за увоз на брашно, Србија се закани дека ќе воведе контрамерки за увоз на сите наши земјоделски и прехранбени производи.

Во понеделникот двајцата министри телефонски разговарале за начинот како да се реши проблемот. Се согласиле дека е во интерес на стопанствата на двете земји протокот на стоки, луѓе и услуги да се одвива непречено.