Владина поддршка за мали и средни бизниси

01.03.2018 13:46

Со третиот столб преку Фондот за иновации со 645 милиони евра поддршка за малите и средните бизниси. Поврат на инвестицијата со пари од државната каса и до 70 насто.

Од идеја до реализација- Владата партнерски ќе ги развива иновативните проекти на компаниите. Со третиот столб преку Фондот за иновации со 645 милиони евра поддршка за малите и средните бизниси. Поврат на инвестицијата со пари од државната каса и до 70 насто.

„Кога компаниите се мали и ризични, државата детерминира средства во фондот и ќе влезе во нивниот капитал до 25 проценти од сопственоста. Државата тоа ќе го направи согласно критериуми и проценка од страна на стручен тим кој ќе ја процени идејата за развој на бизнис“, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски појасни дека условите што треба да ги исполнат компаниите кои ќе аплицираат се дефинирани за секоја мерка посебно.

Покрај сите овие мерки, обезбедени се и средства преку Програмата за конкуретност, иновации и претпремништво што ја спроведува Министреството за економија.