Високи функционери на НАТО и ЕУ во посета на Македонија

02.03.2018 10:11

Посетата на помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, ќе биде реализирана денеска...

Вчера одложената посета на Република Македонија, на помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, ќе биде реализирана денеска.

Според владината прес- служба, Алваргонзалес и Поповски денеска ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, како и со шефот на дипломатијата Никола Димитров, со министрите за одбрана и за внатрешни работи Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, како и со министерот за правда Билен Саљији.