Рочиште за случајот „Сопот“ во Кривичен суд

02.03.2018 10:21

Шестмина од 10-те обвинети кои беа присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта.

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за случајот „Сопот“, на кое исказ треба да дадат петмина полициски службени лица. Поради смена на судечкиот совет судењето за случајот „Сопот“ минатиот месец почна од почеток.

Шестмина од 10-те обвинети кои беа присутни на судењето се изјаснија дека го разбираат обвинението и оти остануваат на тоа што го кажале на претходните рочишта.

На четворица од обвинетите ќе им се суди во отсуство, бидејќи не се достапни на органите на прогонот.

Случајот „Сопот“ е од 2003-та година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево- Сопот. Во овој случај 10 лица беа осудени за тероризам.