Метео: Значително потопло за викендот

02.03.2018 12:44

Утре претпладне и во ноќните часови претежно во западните и крајните источни делови се очекуваат локални врнежи од дожд, а од снег само на повисоките планини.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време од досегашното.

Утре претпладне и во ноќните часови претежно во западните и крајните источни делови се очекуваат локални врнежи од дожд, а од снег само на повисоките планини.

Максималната температура ќе достигне до 16, а во недела до 17 степени. Затоплувањето на времето ќе предизвика нагло топење на снежната покривка.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска