Шекеринска- Димитров: Македонија посветена да стане 30-та членка на НАТО

02.03.2018 13:23

Република Македонија и нејзината влада се цврсто посветени државата да стане 30-та земја- членка на НАТО, за што има висока поддршка од граѓаните на Македонија, изјавија министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров на средба со претставниците на НАТО и на ЕУ во Скопје.

Во посета на Македонија се помошникот генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика Алехадро Алваргонзалес и заменикот директор за соседска политика на ЕУ, Мачеј Поповски.

Република Македонија и нејзината влада се цврсто посветени државата да стане 30-та земја- членка на НАТО, за што има висока поддршка од граѓаните на Македонија, изјавија министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров на средба со претставниците на НАТО и на ЕУ во Скопје.

Шекеринска истакнала дека со приемот на Македонија во НАТО, Алијансата ќе има уште еден член што ќе придонесува за мирот и безбедноста на глобално ниво.

Димитров посочил дека македонија веќе подолго време дејствува како де-факто членка на НАТО, особено со споделувањето заеднички одговорности со земјите членки на НАТО.

Двајцата гости, Алваргонзалес и Поповски оддале признание за реформите што ги спроведува владата и за придонесот во мисиите „Одлучна поддршка“ во Авганистан и „Алтеа“ во Босна и Херцеговина, се вели во соопштението.