УЈП

Тече рокот за поднесување на Годишна даночна пријава

02.03.2018 14:18

На две седмици пред истекот на рокот, само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава, 15-ти март. На две седмици пред истекот на рокот, само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

Имајќи во предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, од УЈП соопштуват дека се отворени дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром.

Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери.