Рочиште за случајот „Сопот“ зад затворени врати

02.03.2018 15:09

Минатиот пат судењето почна од почеток, поради промена на судечкиот совет. Случајот „Сопот“ е отворен во 2003-та година.

Во Кривичниот суд зад затворена врата продолжи судскиот процес за случајот „Сопот“. Судијата одлучи да ја исклучи јавноста со образложение дека исказ во улога на сведоци треба да дадат полициски службеници.

Минатиот пат судењето почна од почеток, поради промена на судечкиот совет. Случајот „Сопот“ е отворен во 2003-та година.

Теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево- Сопот и тогаш загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин. Во овој случај 10-мина беа осудени за тероризам.