Одложено рочиштето за случајот „Шпион“

05.03.2018 10:43

Предметот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од Основното обвинителство. Апелација лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Повторно одложено рочиштето за случајот „Шпион“ поради оправдано отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите.

Предметот сега го застапува Специјалното јавно обвинителство, откако го презеде од Основното обвинителство. Апелација лани ги ублажи казните на обвинетите и ја преиначи првостепената одлука на Кривичниот суд.

Во „Шпион“ за злосторничко здружување, шпионажа, уцена, измама и недозволено поседување оружје се осудени 18 лица. Со новиот распоред, предметот му е доделен на судијата Владимир Туфеѓиќ.