Собранието ќе избира уставен судија и членови на Советот на ЈО

05.03.2018 10:52

Насер Ајдари е предложен за нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 35. седница на која на дневен ред се Предлог за избор на судија на Уставниот суд и Предлог за избор на членови на Советот на јавните обвинители.

Насер Ајдари е предложен за  нов уставен судија. Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава. 

За членови на Советот на јавни обвинители се предложени Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат,

На дневен ред на оваа седница се повеќе точки од областа на образованието, економијата, како и законот за стечајци.