ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на СДСМ и селективен политички прогон

05.03.2018 12:49

Истиот тој Заев пред две години се смееше, ликуваше и аплаудираше кога хулигани дивееја, палеа фотографии од претседателот Иванов и демолираа институции.

СДСМ ја навреди македонската дијаспора дека е примитивна, поистоветувајќи ја со еден изолиран случај, само затоа што иселениците имаа храброст да го кренат гласот против антидржавните политики на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Истиот тој Заев пред две години се смееше, ликуваше и аплаудираше кога хулигани дивееја, палеа фотографии од претседателот Иванов и демолираа институции.

За политички притворените патриоти за 27-ми април, Заев изјави дека немал намера да влијае врз судовите, а претходно бараше ослободување од притвор на сите невини, стои во дописот.

Според партијата, правосудните органи мора да почнат да го применуваат правото, а Република Македонија не смее да биде единствената држава во Европа во која во 21 век постојат политички затвореници.