Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд

05.03.2018 15:15

Во јужните делови можна е појава на грмежи. Снег ќе има само на повисоките планини.

Утре во Македонија се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено во попладневите часови.

Врнежите ќе бидат поинтензивни во западните и крајните источни делови (локално над 15 литри на метар квадратен).

Во јужните делови можна е појава на грмежи. Снег ќе има само на повисоките планини.

Во Скопје се очекува температура од 15, а максималната на југоисток ќе достигне до 17 степени.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска