Неправилности при изборот на агенции за организирање училишни екскурзии

05.03.2018 15:56

Од Комората бараат измена на правилникот донесен во 2014-та година, според кој велат е оневозможено и новите агенции да бидат избрани.

Има неправилности во организирањето на училишните екскурзии и изборот на туристички агенции, реагираат од Стопанската комора за туризам на Македонија. Од Комората бараат измена на правилникот донесен во 2014-та година, според кој велат е оневозможено и новите агенции да бидат избрани.

Комората бара и поголема транспарентност и увид во документацијата на избраните агенции за да може да се утврди дали тие ја поседуваат потребната лиценца.

Од Стопанската комора за туризам, велат дека во моментов од речиси 400 агенции, патувањата се организираат само со неколку. Сите забелешки се доставени до Министерството за образование и наука.

 

Дијана Ценевска