Земјоделци: Да се контролира квалитетот на увезеното брашно и пченица

05.03.2018 16:22

Неопходна е контролата на квалитетот на увезените брашно или пченица веднаш при влезот во земјава, велат од Регионалниот Сојуз на земјоделците „Клас“. Сметаат дека тоа влијае на домашното производство. Земјоделците бараат министерството да ги објави увозниците...

Да се контролира квалитетот на увезеното, брашно или пченица, при влезот во земјава, без разлика од каде доаѓа, зашто тоа влијае и на домашното производство, бараат од регионалниот сојуз на земјоделците „Клас“. Не сме против увозот, зашто е потребен за задоволување на домашните потреби, но мора веднаш да се контролира.

Од Сојузот апелираат до Министерството да ги објави увозниците и заедно да најдат решение за недооткупената пченица, околу 30.000 тони што е околу една петтина од последната реколта.

За земјоделците е битно веднаш да се контролира кваитетот и на увезените вештачки ѓубрива и хемиски препарати.

 

Елизабета Митреска