Ким Јонг Ун е подготвен за обединување на двете Кореи

06.03.2018 11:22

Оваа средба беше прва од таков вид досега и претставува најнов сигнал дека двете Кореи се обидуваат да ги подобрат односите по едногодишните тензии околу нуклеарните проби на Северот.

На состанокот со претставници на Јужна Кореја, лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг Ун изразил цврста волја за напредок на разговорите за реунификација на полуостровот.

Оваа средба беше прва од таков вид досега и претставува најнов сигнал дека двете Кореи се обидуваат да ги подобрат односите по едногодишните тензии околу нуклеарните проби на Северот.

Сеул и Вашингтон со резерва ја толкуваат неговата намера за реунификација, тврдејќи дека Пјонгјанг се обдиува да ги омекне меѓународните санкции.