НАТО

Столтенберг призна дека е загрижен поради Путин

06.03.2018 11:40

Столтенберг ја повика официјална Москва да се придржува на Договорот за нуклеарни сили со среден домет...

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е загрижен поради најавата од рускиот претседател Владимир Путин за ново нуклеарно оружје.

Потенцира дека Алијансата не сака Студена војна или трка за вооружување. Столтенберг ја повика официјална Москва да се придржува на Договорот за нуклеарни сили со среден домет, за кои САД соопшти дека Путин го прекршил со последната објава.