Во април Самит на Турција, Русија и Иран за Сирија

06.03.2018 12:28

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи прецизираше дека лидерите на трите земји ќе разговараат и за идните чекори кои треба да се преземат во регионот.

Средба на високо ниво на Русија, Турција и Иран ќе се одржи на почетокот на април, а главна тема ќе биде ситуацијата во Сирија.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи прецизираше дека лидерите на трите земји ќе разговараат и за идните чекори кои треба да се преземат во регионот.

Министерството за надворешни работи на Казахстан соопшти и дека во главниот град Астана, на 16 март средба ќе имаат министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран, кои ќе разговараат за прогресот постигнат во текот на изминатата година за сирискиот мировен процес.