Се зголемува бројот на заболени од тумор на белите дробови

06.03.2018 12:36

На работилницата на оваа клиника беше претставена примената на интервентната бронхоскопија во Македонија.

Во Македонија се зголемува бројот на заболени од тумор на белите дробови, соопшти директорот на Универзитетската Клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ. На работилницата на оваа клиника беше претставена примената на интервентната бронхоскопија во Македонија.

„Годишно има огромен број на тумори на белите дробови, сите што растат во самиот лумен на белиот дром, мат на овој начин да се дијагностицираат, или да се третираат на некој начин, да се редуцира ткивото на туморот. Оние што се надвор од дишното стебло, секако ќе мора да се отстранат хируршки, или да се зрачат, ако се погодни за тоа, или да се третираат со хемотерапија“, вели д-р Докиќ.