„Женски приказни“ со Македонската филхармонија за Денот на жената

06.03.2018 13:04

На подиумот ќе застанат две млади, но искусни и извонредни уметнички- нашата диригентка Елена Митревска која кариерата ја гради на европските сцени, како и истакнатата пијанистка од Германија, Олга Шепс.

По повод Денот на жената, 8-ми Март, Македонската филхармонија овој четврток приредува симфониски концерт под наслов „Женски приказни“.

На подиумот ќе застанат две млади, но искусни и извонредни уметнички- нашата диригентка Елена Митревска која кариерата ја гради на европските сцени, како и истакнатата пијанистка од Германија, Олга Шепс.

„Она што Шепс го прави не е фино или слатко, тоа што таа го прави го одзема здивот“, гласи една од критиките за пијанистката која пред македонската публика ќе го изведе познатиот Концерт за пијано и оркестар бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен.

На програмата се и Увертирата „Леонора“ бр. 3, повторно од музичкиот гигант Бетовен, како и избор од експресивните две свити „Арлезијанка“ од францускиот композитор Жорж Бизе.