Водостоите на реките се намалуваат или стагнираат

06.03.2018 13:13

Водостоите на природните езера се во рамките на повеќегодиншниот просек за овој месец иако се бележи зголемување на нивоата на Охридско и Дојранско Езеро.

Водостоите на речиси сите реки во Македонија се повисоки од просекот за март, но имаат благо намалување, покажуваат најновите податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. Исклучок се Треска на мерното место кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани, Голема Река кај Ресен, Сатеска кај Ботун и Блато кај Боротино.

Водостоите на природните езера се во рамките на повеќегодиншниот просек за овој месец иако се бележи зголемување на нивоата на Охридско и Дојранско Езеро.

Топењето на снегот сепак, ќе предизвика одредени проблеми, особено на водотеците на Пчиња и на Лепенец.