Неизвесно одржувањето на собраниската седница за Законот за употреба на јазиците

06.03.2018 13:24

Напладне требаше да почне седницата во собранискиот дом на која прва точка беше Законот за употреба на јазиците. Сепак, пленарката сѐ уште не е почната...

Доцни почетокот на собраниската седница на која на дневен ред се над 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците.

Во Собранието се народните избраници од сите пратенички групи кои одржуваа координации, вклучувајќи ги и оние од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Нема информации каков ќе биде исходот од седницата, дали воопшто ќе се рааправа за амандманите или точката ќе биде прескокната.

Продолжението на 32-та седница беше закажано за 12 часот. На оваа седница има и други точки на дневен ред меѓу кои и измените на законите со кои ќе се намалат патните трошоци за пратениците и избраните и именуваните лица.