2.580 барања за амнестија во скопскиот Кривичен суд

06.03.2018 15:02

Зелено светло за амнестија досега добиле 1.425- мина. Оваа бројка, велат од скопска единица не е конечна.

2.580 барања за амнестија стасале до скопскиот Кривичен суд. 1.951 во Одделот за кривично полнолетство. Од нив уважени се 924, а отфрлени 689. Во Организиран криминал стасале 629 барања, уважени 501, а 121 одбиени.

Зелено светло за амнестија досега добиле 1.425- мина. Оваа бројка, велат од скопска единица не е конечна.

На денешниот брифинг, претседтелот Иван Џолев информираше дека течат судењата на закажаните рочишта. Очекува наскоро да се вселат во новата судска зграда, каде, како што рече ќе имаат подобри услови за работа.