Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат по една просечна плата до крајот на неделава

06.03.2018 15:09

До крајот на неделава вработените во прилепски „Еурокомпозит“ ќе добијат по една просечна плата- им ветиле на средбата во Владата. По разговорите, работниците што протестираа најавија дека од понеделник ќе се вратат на работните места. „Еурокомпозит“ денеска протестираше на „Илинденска“...

До крајот на неделава вработените во прилепски „Еурокомпозит“ ќе добијат по една просечна плата- им ветиле на средбата во Владата. По разговорите работниците  што протестираа  најавија дека од понеделник ќе се вратат на работните места.

Оние што се прогласени за техннолошки вишок ќе може да ги користат законските можности, да добиваат надомест до остварување на правото на пензија.

Од владиниот кабинет им било посечено дека дополнително ќе одговорат  на барањата за регулирање на неплатените придонеси од 2012-тата до годинава.