ИСТОЧНА ГУТА

Телефонски разговор Ердоган и Путин за Источна Гута

07.03.2018 10:23

Во телефонски разговор, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин ставиле приоритет на хуманитарните акции во Сирија.

Лидерите на Русија и на Турција сметаат дека примирјето во Источна Гута во голема мера зависи од заедничките напори и соработката со Иран.

Во телефонски разговор, претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин ставиле приоритет на хуманитарните акции во Сирија.

Над 800 цивили настрадаа на фронтот во Источна Гута, контролирана од опозициските сили. Реонот е под опсада на владините сили веќе 6 години.