Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП

07.03.2018 10:29

Станува збор за неформална група, составена од европратеници од различна политичка провениенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Европскиот парламент во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на групата „Пријатели на Република Македонија“.

Таа е неформална група, составена од европратеници од различна политичка провениенција, која во променет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја обновува својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации.

Шефот на дипломатијата на инаугурацијата ќе има церемонијално излагање, во кое ќе се осврне на актуелниот момент во односите меѓу Европската унија и Република Македонија.