Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“

07.03.2018 10:33

Одлуката е донесена за да се оневозможи избегнување одговорност на обвинетите во судскиот процес, соопшти владината прес- служба.

Популарниот „Мерцедес“ што го купи поранешната власт, засега останува сопственост на владата. Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“, бидејќи како што информираат од Владата, може да се појави потреба тој да биде доказен материјал.

Одлуката е донесена за да се оневозможи избегнување одговорност на обвинетите во судскиот процес, соопшти владината прес- служба.

Предходно директорот на Службата за општи и заеднички работи информираше дека мерцедесот ќе се продава на јавна аукција. Возилото е проценето на нешто повеќе од 14 милиони денари.