Гутереш ги поздрави реформите на Владата

07.03.2018 10:38

Генералниот секретар во име на Обединетите нации ги поддржа разговорите со Грција под покровителство на медијаторот Нимиц. Оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение.

Телефонски разговор меѓу премиерот Заев и генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш. Првиот човек на светската организација ги поздравил реформите што ги прави Владата, а позитивно бил оценет и Договорот со бугарија, информираа од владината прес- служба.

Генералниот секретар во име на Обединетите нации ги поддржа разговорите со Грција под покровителство на медијаторот Нимиц. Оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение. Најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас, додавајќи дека ги охрабрува двајцата премиери и двете влади да продолжат да работат на решавање на долгогодишниот спор, се вели во соопштението.

Премиерот Заев изразил надеж дека ќе се најде заемно прифатливо решение и дека тоа ќе биде добро за двете држави, но и за целиот регион.

Да престанеме да се занимаваме со минатото и заедно да работиме за подобра заедничка иднина, потенцирал Заев во разговорот со генералниот секретар на Обединетите нации.