Љајиќ во Скопје по решение за брашното

07.03.2018 10:51

Доколку денеска не се постигне решение за спорот, Србија ќе воведе контрамерки, кои како што најави Љајиќ, веќе се подготвени. Македонија инсистира на почитување на правилникот.

Српскиот министер за трговија Љајиќ во Скопје по решение за брашното. На средбата со неговиот домаќин, министерот за земјоделство Николовски, се бара решавање на проблемот со увозот на српско брашно во Македонија.

Доколку денеска не се постигне решение за спорот, Србија ќе воведе контрамерки, кои како што најави Љајиќ, веќе се подготвени. Македонија инсистира на почитување на правилникот.

Министерот Николовски уверува дека проблемот нема да влијае на зголемување на цената на брашното.