КОРЕЈСКИ ПОЛУОСТРОВ

Вашингтон и Сеул договараат состанок за денуклеаризација

07.03.2018 11:17

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт соопшти дека разговарале со Белата куќа за средба што би се одржала неделава.

САД и Јужна Кореја планираат да одржат состанок за преговори околу денуклеаризацијата со Северна Кореја.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт соопшти дека разговарале со Белата куќа за средба што би се одржала неделава.

Двете Кореи закажаа самит кон крајот на април што ќе биде првиот ваков состанок по повеќе од една деценија. Двајцата претседатели ќе активираат и т.н. жешка телефонска линија.

Прехтодно Пјонгјанг нагласи дека нема да ја спроведува нуклеарната програма доколку не постои воена закана против државата.