САД

Оставка на врвниот економски советник на Трамп

07.03.2018 11:39

Според шпекулациите, Кон којшто е поддржувач на слободната трговија, бил револтиран од плановите за воведување на тарифа за увоз на алуминиум и челик.

Главниот економски советник на претседателот Доналд Трамп поднесе оставка. Гери Кон е уште еден висок претставник на кабинетот којшто си замина од тимот на Белата куќа.

Според шпекулациите, Кон којшто е поддржувач на слободната трговија, бил револтиран од плановите за воведување на тарифа за увоз на алуминиум и челик.

57-годишниот поранешен претседател на „Голдман Сакс“ му помагаше на Трамп при спроведувањето на драстични даночни реформи лани. Покрај промените во тимот, Трамп постепено се подготува и за изборите во Конгресот закажани за ноември.

Потенцираше дека ќе биде спречен секој обид за манипулирање на гласањето, што беше случај во претседателските избори во 2016 година.

Според него, покрај Русија, и други земји се мешале во изборниот процес.