На Детската клиника ќе се вработат уште 20 медицински сестри

07.03.2018 12:26

Има согласност за вработување на уште 20 медицински сестри, најави министерот за здравство Филипче.

Се зајакнува кадарот на Клиниката за детски болести. Има согласност за вработување на уште 20 медицински сестри, најави министерот за здравство Филипче.

Како Влада остануваме посветени на подобрување на персоналниот капацитет секаде каде што треба во јавните здравствени установи, додаде Филипче по примопредавањето на донацијата апарат кој го олеснува дишењето кај предвремено родените бебиња со поддршка на Германската амбасада и проектот Хопе.

Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ рече со овие 20 медицински сестри за кои е добиена согласност за вработување и претходно вработените 20 медицински сестри, ќе бидат 40 медицински сестри и се зајакнува кадарот на Клиниката.