Синдикатот бара нов Закон за култура

07.03.2018 13:11

СКРМ побара поинтензивен ангажман за итно составување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикати и носителите на дејност.

Синдикатот на културата на Република Македонија од ресорното министерство бара нов Закон за култура. Голем проблем за нив се и систематизациите зашто, сметаат, имаат многу неправилности. Од Министерството за информатичко општество и администрација, бараат да го пролонгира рокот за изготвување на систематизации и менување на статусот даватели на јавни услуги.

СКРМ побара поинтензивен ангажман за итно составување нов Закон за култура во чие креирање ќе бидат вклучени претставници на синдикати и носителите на дејност.

Претседателката на СКРМ Сања Арсовска рече дека во Националната стратегија усвоена од Владата е вметнато дека новиот закон ќе биде изготвен во 2018-та, а веќе е март и работата во Собранието е отежната. Бараат закон кој ќе биде поволен за сите уметници и културни работници.

Сакаат, рече, да бидат вклучени во создавањето на новиот закон и нема да дозволат да им се повтори законот од 2014-та година, кој не одговара на нивните барања и потреби.