Уште една оставка во Антикорупциска

07.03.2018 13:14

Серијата оставки следуваат откако беше објавен извештајот од внатрешната ревизија во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За три дена, трета оставка во Антикорупциска. Од позицијата член на Државната комисија за спречување на корупција, се повлече и Жаклина Дамчевска.

Вчера оставка поднесе претседателот на Комисијата Игор Тантуровски, а во понеделникот и неговиот претходник Горан Миленков.

Се повлекоа од функцииите по реакциите во јавноста и објавувањето на ревизорскиот извештај од УЈП. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

За извештајот на ревизорите, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.