Раст од 8,4 % на индустриското производство во јануари

07.03.2018 13:33

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи опаѓање од 0,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 16,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 28,4 отсто.

Индустриското производство во јануари годинава во однос на јануари лани бележи раст од 8,4 проценти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи опаѓање од 0,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 16,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 28,4 отсто.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на текстил, на производи од гума и производи од пластични маси, производство на други неметални минерали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 15,8 отсто, капитални производи за 26,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 57,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,1 отсто.