Синдикатот на културата бара нов закон и повисоки плати

07.03.2018 14:17

Синдикатот на културата од ресорното министерство бара нов закон. Од Министерството за информатичко општество и администрација, пак, да го пролонгира рокот за изготвување систематизации и менување на статусот даватели на јавни услуги. Од ресорот за култура не го негираат проблемот- бараат решенија...

Синдикатот за култура бара да се донесе нов Закон за уметниците и работниците во оваа дејност. Оттаму сметаат дека тоа е потребно за да се замени досегашното решение кое, според нив, ја ограничува слободата на творење и ги става во административна рамка.

Од Синдикатот се жалат дека со години уметниците работат во лоши услови, систематизациите не се праведни, не се вреднува знаењето, па така, има доктори на науки кои земаат од 18 до 20 илјади денари плата. Очекуваат нивни претставници да бидат вклучени при подготовката на новиот Закон.

Од Синдикатот сметаат дека треба да се прологнира рокот за изготвување на систематизациите. Од Министерството за култура, пак, уверуваат дека се свесни за проблемот. Оттаму велат дека статусот „даватели на услуги“ ќе го заменат со „носител на дејност“.

Проблемот за стручните звања, како што велат од Министерството за култура, има и фискални импликации, за што ќе треба да се обезбедат и средства од државната каса.

 

Александра Спировска