Техеран

Иран произведува трипати повеќе ракети од порано

07.03.2018 14:49

Владата, Парламентот и други институции во Иран одлучиле дека земјата има поголема потреба од ракетите „земја-земја“.

Иран тројно го зголеми производството на ракети, тврди Амир Али Хаџизадех, бригаден генерал во елитниот корпус на гардата на Исламската револуција, без да прецизира за колкав временски период станува збор.

Истакна дека Владата, Парламентот и други институции во Иран одлучиле дека земјата има поголема потреба од ракетите „земја-земја“.