Метео: Утре променливо облачно, од петок сончево и стабилно време

07.03.2018 15:05

Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјата (до 15 литри на метар квадратен). Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјата (до 15 литри на метар квадратен). Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец.

Од петок следува период на сончево и стабилно време со позначително затоплување во текот на викендот.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска