Избор за песна на Евровизија

Промоција на евровизиската песна „Lost and found“ во недела на 11-ти март

07.03.2018 15:35

Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19 часот и 30 минути. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски. Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата, Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров...

Евровизиската песна со наслов „Lost and found“ со којашто Ај Кју ќе ја претстават Македонија на 63-тото издание на Евровизија, коешто годинава се одржува од 8-ми до 12-ти мај во Лисабон, Португалија, за првпат премиерно ќе биде прикажана во недела на 11-ти март.

Песната ќе биде промовирана со видео запис во Дневник 2 на МРТ со почеток во 19 часот и 30 минути. Режисер на видео спотот е Јован Куциновски.

Автор на музиката и текстот на песната е гитаристот и вокал на групата Бојан Трајковски, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Дарко Димитров.

Ај Кју настапуваат во втората половина на Првата полуфинална вечер на 8-ми мај. Конечниот редослед дополнително ќе биде одреден од страна на продуцентите на шоуто.