„Гсол“ ги повикува необезбедените доверители на „Фени“ да ги достават барањата

08.03.2018 10:41

Барањата се доставуваат од 12-ти до 16-ти март кај правните застапници на „ЕуроНикел“- Скопје. Претходно, компанијата најави исплаќање на вкупните побарувања на комбинатот.

Компанијата „Гсол“ ги повикува сите необезбедени доверители чии барања се прифатени во стечајната постапка за „Фени“ да ги достават за да може да почне исплатата.

Барањата се доставуваат од 12-ти до 16-ти март кај правните застапници на „ЕуроНикел“- Скопје. Претходно, компанијата најави исплаќање на вкупните побарувања на комбинатот.

Швајцарскиот инвеститор, се наведува во нивното соопштение, со ова ја запира неизвесноста за „Фени- индустри“ и го почнува излезот на компанијата од стечај.