Турција: Воена вежба во Егејско Море

08.03.2018 11:52

Според некои грчки медиуми, постои опасност од ескалација на тензиите во момент кога е зголемено американското присуство во Средоземното Море, особено во близина на брегот на Кипар...

Турција почна воени вежби во централниот дел од Егејско Море, што ќе ја блокира областа од морскиот сообраќај во текот на поголемиот дел од март и април.

Според некои грчки медиуми, постои опасност од ескалација на тензиите во момент кога е зголемено американското присуство во Средоземното Море, особено во близина на брегот на Кипар, каде што се одвива Американско- израелска воена вежба.

Претходно за тој регион и Атина планирала грчки маневри.