Флорида: Усвоен закон за ограничување на оружјето

08.03.2018 12:26

Претходно и Сенатот на Флорида го одобри овој Закон, со кој се зголемува долната граница за купување оружје на 21 година и се воведува тридневен период на чекање при купувањето оружје.

Претставничкиот дом на Флорида ги усвои реформите за законот за оружје, вклучувајќи и ограничувања при купување на оружје и програма за вооружување на наставничкиот кадар.

Предлогот ќе биде проследен до гувернерот Рик Скот. Претходно и Сенатот на Флорида го одобри овој Закон, со кој се зголемува долната граница за купување оружје на 21 година и се воведува тридневен период на чекање при купувањето оружје.

Пред еден месец момче во Паркленд со пушка усмрти 17 лица во училиште.