Одбрана

Формирање тела за заштита на правата на жената

08.03.2018 12:58

Жените во Армијата не се застапени на неопходното ниво, во одбраната ќе се формираат тела кои ќе го следат исполнувањето на нивните права. Не смее да се заборави и неодамнешниот напад врз полицајката која вршела службено дејствие. Надлежните велат- ова е во доменот на Обвинителството, тоа е дел од независната судска власт...

Формирање тела и органи во Армијата за пријавување на дискриминација, родова, етничка, сексуално насилство или мобинг. Ова се најавените мерки за подигање на свеста за состојбата на жената во Армијата- најави ресорната министерска Шекеринска. Целта е заштита на жената во овој доминантен машки сектор кадешто владее хиерархија и можност за напредување во кариерата.

Од друга страна, инцидентот со нападнатата и повредена полицајка, покажа дека сѐ уште треба да се работи на насилството врз жената, особено кога е на задача и извршува службени дејствија. Властите повикуваат, случајот да не биде користен за дневно политички цели.

„Одлуките на судските органи мора да се донесат без било какви политички притисоци, и тоа, убедена сум дека ќе се случи. Целта не смее да биде некој некого да го заштити“, изјави министерката Шекеринска.

„За да можат механизмите за спречување на дискриминацијата да бидат во функција, тие мора да бидат кредибилни, а за да бидат кредибилни, тие не треба да се злоупотребуваат“, изјави вицепремиерот Бујар Османи.

Статистиките покажуваат дека Македонија бележи напредок на учеството на жената во досега традиционално машките сектори. Хравтаската амбасадорка во земјава го посочи примерот со Хрватска со којашто раководи жена- претсеедател.

 

Марина Стојанова- Тонева