Светски ден на бубрегот

Секоја година околу 300 нови бубрежно болни

08.03.2018 14:28

Во Македонија има 1.600 пациенти кои се во краен стадиум на хронична бубрежна болест. Од нив, 1.350 на дијализа примаат редовен третман, на 250 им е пресаден бубрег. Секоја година нови 300 пациенти почнуваат со терапија. Одбележан Светскиот ден на превенција на бубрежните болести.

1.600 пациенти се лекуваат со дијализа од кои 215 се трансплантирани, а 32 се на перитонеална дијализа. Секоја година околу 300 нови бубрежно болни. Сѐ поголем  е бројот на оние кои ја губат битката во првите месеци од болеста. Оваа година се направени четири трансплантации, а до крајот на месецот се предвидени уште две.

Во земјава има солидна дијализа, сепак, потребно е да се доопремат дел од центрите, да се воведат нови процедури во лекувањето и да заживее трансплантација од починат донор, која веќе трета година по ред не се извршува, истакна претседателот на Здружението на бубрежно болни „Нефрон“.

Оливера Стојчева- Танева од Универзитетската Клиника за нефрологија, истакна дека жените, многу почесто имаат инфекции на урогениталниот тракт, како и едно од системските заболувања, а тоа е нарушување на имунолошкиот систем.

Иако е многу тешко да забременат жените со хронично бубрежно заболување, има и такви кои забремениле и родиле. Компликациите се бројни по плодот, ако жената има понапреднат стадиум на хронична бубрежна болест.

Трансплантираните жени полесно можат да забременат и полесно може да се одвива нивната бременост, додаде Стојчева- Танева.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска