УЈП: Тече рокот за поднесување Годишна даночна пријава

09.03.2018 12:21

Управата за јавни приходи соопшти дека оваа обврска до 15-ти март треба да ја завршат уште над 170 илјади граѓани. Досега се поднесени нешто повеќе од 235 илјади пријави, најголемиот дел во Скопје.

Истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава. Управата за јавни приходи соопшти дека оваа обврска до 15-ти март треба да ја завршат уште над 170 илјади граѓани. Досега се поднесени нешто повеќе од 235 илјади пријави, најголемиот дел во Скопје.

За да се избегне метеж на шалтерите, УЈП апелира пријави да се поднесуваат и во дополнителните пунктови во Центар, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел и во Гази Баба, како и во мобилните даночни шалтери.